Хоселу го реши трилерот во Мадрид – Реал е во финалето на ЛШ

Макфакс

08/05/2024

23:26

1.056

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид 18.пат во клупската историја ќе се бори за трофејот во Купо/Лигата на шампионите. Вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ во инфаркт завршница го победи Баерн со 2:1. Апсолутен херој на Реал е искусниот напаѓач Хоселу, кој со головите во 88. и 91.минута направи пресврт, откако Баерн поведе со голот на Дејвис во 68.минута.

Реал Мадрид за трофејот ќе игра против Борусија Дортмунд на 1 јуни во Лондон, на „Вембли“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг