Девојче (13) се наоѓа во кома откако се урнала конструкцијата на рингишпилот на панаѓурот во Куршумлија, дознава српски „Блиц“.
„Едно дете е во кома, 13-годишно девојче кое неколку пати е реанимирана, уште две деца се со тешки повреди и со приватен автомобил се превезуваат во Ниш. Станува збор за брат и сестра. Четири деца се згрижени во болницата во Прокупље“, вели извор за „Блиц“.
Денес, околу 13 часот и 30 минути попуштила конструкцијата на рингишпилот кој паднал и во таа прилика повредени биле повеќе лица, главно деца, потврдиле за „Блиц“ во полициското одделение во Прокупље.
Полицијата е на терен и се утврдува точниот број на повредени и како е дојдено до несреќата.
Денес, инаку, се одржува панаѓур во Куршумлија.