Онколозите предупредуваат на овие рани симптоми на рак кои најчесто се занемаруваат

Точка

07/05/2024

18:32

7.712

Големина на фонт

а а а

Понекогаш е лесно да ги занемариме нашите лични здравствени потреби и да ги ставиме на последно место. Но, според онколозите, без разлика на тоа колку сме зафатени, важно е да се даде приоритет на нашето лично здравје.

Би било погрешно да размислуваме за здравјето само кога нѝ е потребна медицинска интервенција.

Постои еден ран симптом на рак кој често се занемарува бидејќи многумина од нас се „премногу зафатени“ за да го забележат. Според имунологот д-р Сузан Грир, овој симптом кој често се пропушта е игнорирање или отфрлање на промените во нашето тело.


„Генерално, раните предупредувачки знаци за сите видови рак се промени во вашето тело кои се различни од она што е нормално за вас“, вели таа за „Parade“. Докторката истакнува дека специфичните рани предупредувачки знаци вклучуваат, но не се ограничени на: замор, дигестивни промени, рани кои не зараснуваат, невообичаени грутки, отежнато дишење, кашлица, засипнатост, необјасниво губење на тежината, хронични дигестивни проблеми...

Промените во телото треба да се сфатат како сигнал дека треба да посетиме лекар

Онкологот д-р Алфред Варгас се надоврзал на д-р Грир, велејќи дека некои специфични промени на кои треба да се внимава се необјасниви промени во тежината, замор, грутки на кожата и рани на кожата или во устата.


За жените, онкологот д-р Кели Рат додава дека невозможноста да изедете цел оброк, крв во урината или столицата, абнормални лезии на кожата, отежнато дишење или кашлица, отечени лимфни јазли можат да бидат знаци на рак.

Сепак, тоа не значи дека ако одеднаш почнеме да се чувствуваме уморни или имаме проблеми со варењето, дека веднаш треба да претпоставиме дека имаме рак. Тоа едноставно значи дека не треба да ги игнорираме сите промени што ги забележуваме во нашето тело, туку да ги сфатиме како сигнал дека треба да го посетиме нашиот лекар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг