[ВИДЕО] Вооружени навивачи упаднале во домот на лидерот на ривалот насред ноќ! Го претепале и украле 50 знамиња! Европа зборува за судирот во соседството

Точка

07/05/2024

14:34

3.300

Големина на фонт

а а а

Навивачката војна во Мостар доби сосема нова димензија откако навивачите Зрињски (Ултраси) објавиле видео со околу 50 знамиња на навивачите на Вележ (Ред Арми).

Се започнало еден месец по натпреварот меѓу Зрињски и Ѕвезда 09. Навивачи на Вележ, маскирани во молери, нападнале неколку навивачи на Зрињски и им одземале неколку транспаренти.

Ултрасите одлучиле да одмаздат и тоа на брутален начин, кој дефинитивно не приоѓа ни блиску до навивачките кодекси и непишаните правила.

Тие објавиле видео со околу 50 знамиња од навивачите на Вележ со порака „поздрав молери“.

Čega se navijači stide, ljudi od puta se ponose.

Posted by Klub navijača "Red Army" Mostar on Saturday 4 May 2024

Јасно е дека ова тотална катастрофа за „Ред Арми“, а губењето на веројатно сите поважни знамиња би можело да биде крај на навивачката група, но набрзо навивачите на Вележ објавиле видео на кое наводно е прикажано како дошло до одземањето на знамињата.

На снимката се гледа како петмина вооружени лица во 3:20 часот по полноќ влегуваат во куќата и од неа изнесуваат неколку торби во кои веројатно има знамиња.

На познатите европски навивачки страници на социјалните мрежи може да се прочита дека станува збор за куќа во која еден од лидерите бил задолжен за чување на знамињата. Според одредени информации, тој бил претепан пред знамињата да се изнесат од куќата, а на крајот од снимката се гледа како тој излегува со оружје во рака.




Спонзорирани линкови

Маркетинг