Челси го нуди Лукаку како „доплата“ за голгетерот кој го посакува

Дерби

05/05/2024

13:25

2.234

Големина на фонт

а а а

Ромелу Лукаку ги носеше дресовите на Интер и Рома во изминатите неколку години, но по една сезона мината на „Олимпико“, Белгиецот наредната може да носи небесно-син дрес.

Како што јавуваат медиумите од Италија и Англија, Челси не го планира Белгиецот за својот долгорочен проект и сака да го искористи како добар ресурс за остварување на главата цел, односно доведување на Виктор Осимен.

Наполи дефинитивно ќе го продаде Нигериецот ова лето и Де Лаурентис очекува голема заработка, но Челси планира измена на својата понуда и во истата сега сака да го вметне и Лукаку.

На Наполи секако ќе му треба нов напаѓач по заминувањето на Осимен и Лукаку би бил добра опција со оглед на тоа што ја познава Серија А, па Челси сака да го искористи Ромелу како еден вид на „доплата“ на целиот трансфер.

Според проценките, целата операција треба да изнесува околу 120 милиони евра, а Челси во моментов е подготвен да понуди околу 80 милиони евра, плус напаѓачот кој не е во плановите на тренерот Покетино, но и на газдата Тод Боли.



Спонзорирани линкови

Маркетинг