[ФОТО] Џорџ Клуни на новите фотографии изгледа непрепознатливо: Велат дека „потполно пропаднал“ и како годините го зеле својот данок

Точка

04/05/2024

19:15

11.152

Големина на фонт

а а а

Новите фотографии на Џорџ Клуни, кој на 6 мај ќе полни 63 години, непријатно ги изненадија оние кои ја следат кариерата на познатиот актер.

На „Twitter“ профилите на „Pop Crave“ и „FilmUpdate“, објавени се фотографии од Клуни во бел костум на кои изгледа „многу лошо“.

Џорџ Клуни на фотографиите во белиот костум изгледа видно исцрпен со огромни темни кругови. Изгледа многу послабо, бледо и со многу повеќе брчки од порано. Исто така, видливо е дека се ослободил и од својот заштитен знак – седата брада.


Имено, Клуни моментално снима филм на „Netflix“ насловен „Untitled Noah Baumbach“, во кој покрај него ќе се појави и Рајли Киу, внуката на легендарниот Елвис Присли.

Папараците успеале да се доближат до локацијата каде што се снима филмот, додека одредени сцени се снимале во шумата во англиската област Хемпшир, а токму таму го пронашле Клуни во бел костум како трча во шумата во расеана состојба, за потребите на филмот … а потоа и разговара со актерката Исла Фишер.


Иако со децении важеше за еден од најпосакуваните актери, долго време и за најпосакуваниот ерген – сепак годините си го направиле своето.

Са потсетиме, Клуни за два дена ќе наполни 63 години.


Сиот живот ја барал и среќата во љубовта, а ја најде со убавата адвокатка Амал Клуни, со која стапи во брак во 2014 година. Три години подоцна, тие станаа родители на близнаците Ела и Александар. Денес важат за еден од најкомпатибилните холивудски парови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг