Ѕвездите на „Stranger Things“ ќе добијат неверојатни суми за последната сезона

Точка

04/05/2024

09:32

2.830

Големина на фонт

а а а

Снимањето на петтата, а воедно и последна сезона од серијата „Stranger Things“ одамна започна, а сега е познато и колку ќе заработат некои актери благодарение на последната сезона.

Како што пишуваат странските медиуми, станува збор за неверојатни суми, за разлика од првата сезона кога највисокиот хонорар изнесувал 100.000 долари по епизода и тоа за остварената актерка Винона Рајдер.

Дејвид Харбор, кој не беше премногу популарен пред снимањето на „Stranger Things“, во првата сезона заработувал 80.000 долари по епизода, додека децата од серијата заработувале само 20.000 долари по епизода.

До третата сезона, децата речиси достигнаа еднаква плата со возрасните ѕвезди, бидејќи повеќето од нив заработувале 250.000 долари по епизода, а Мили Боби Браун заработувала 300.000 долари. Харбор и Рајдер во третата сезона добивале хонорар од 350.000 долари по епизода.

Но, бидејќи серијата стекна неверојатна популарност ширум светот, хонорарите на актерите пораснаа на милиони. Заработката на најмладите членови на тимот ќе изнесува вкупно 7 милиони долари и тоа без заработката на Мили Боби Браун, која со „Netflix“ има договори и за два филма.


Постарите актери Џо Кири, Наталија Даер, Чарли Хитон и Маја Хок, наводно ќе имаат малку пониски суми од 6 милиони долари по сезона. Највисоките потврдени суми ќе ги добијат Дејвид Харбор и Винона Рајдер, кои ќе заработат 7,1 милион долари за нивните улоги во последната сезона на серијата на „Netflix“.

За потсетување, браќата и креаторите на серијата Мет и Рос Дафер изјавија дека ликовите ќе бидат во акција и дека последната сезона ќе биде поинаква. Исто така, додаваат дека последната сезона ќе биде значително подолга во однос на претходните.



Спонзорирани линкови

Маркетинг