[ВИДЕО] Неочекувано изненадување: По првите проби за Евровизија сите зборуваат за оваа жена – еве зошто

Точка

30/04/2024

18:16

4.914

Големина на фонт

а а а

Првите проби за овогодишната Евровизија се направени. Главните фаворити за Евровизија, Бејби Лазања и Нем, сите ги фалат откако беа објавени видеата од пробите.

Но, се случило и едно неочекувано изненадување.

Претставничката на Грција, Марина Сати, воодушевила на пробата, па сега фановите на Евровизија зборуваат за неа. Марина се натпреварува со песната „Zari“, а настапот бил збогатен со танцова кореографија. Моментално таа се наоѓа на осмото место на евровизиските обложувалници.

Настапот на грчката претставничка ги спојува традиционалите грчки елементи со модерните, урбани визуелни идеи. Марина, која на себе носи виолетово здолниште, била придружена од четири танчари на сцена кои изведувале точка инспирирана од уличниот танц. Зад нив има неонски графити кои ја осветлувале салата.



@eurovision Put your hands up! @SATTI just achieved pop perfection at Greece's first rehearsal 🇬🇷 #Eurovision2024 ♬ original sound - Eurovision



1.7 милиони прегледи за еден ден

Видеото од нејзината проба за еден ден добило 1.7 милиони прегледи и над 170 илјади допаѓања. Твитер, Инстаграм и ТикТок се преполни со коментари, а ова се дел од нив:

„Кралица“, „Сепак, дали таа ќе биде победничката на Евровизија 2024?“, „Сите длабоко во себе знаат дека таа ќе победи“, „Швајцарија, Хрватска, Италија... Мислам дека ќе почекате уште некоја година за да победите“, „Ова е топ три сигурно“, „Атина, 2025“, „Доколку не победи, ќе престанам да гледам Евровизија“.

Која е Марина Сати?

Марина е родена на 26 декември 1986 година во Атина. Мајка ѝ е од Грција, додека пак татко ѝ од Судан, додека Марина растела на островот Крит.

Како девојче почнала да учи да свири клавир, а потоа во средно училиште се запишала класично пеење. Таа завршила музички студии во Атина и Бостон.

Дебитантскиот сингл го објавила во 2016 година, а тој го носел насловот „Koupes“. Нејзината песна „Mantissa“ од 2017 година била на првото место на најслушани синглови во Грција истата таа година.

Марина ќе настапи во првата половина од второто полуфинале на 9 мај.

Што мислите вие за нејзината песна?




Спонзорирани линкови

Маркетинг