„Телеграф“: Само тројца играчи на Јунајтед се недопирливи за следната сезона, за сите останати ќе се слушаат понуди

Дерби

30/04/2024

11:43

1.464

Големина на фонт

а а а

Сер Џим Ретклиф почна со големи промени на директорските места во Манчестер Јунајтед и тоа е најава за најавениот ремонт на „Олд Трафорд“, во кој најверојатно ќе настрада и Ерик Тен Хаг како предводник на актуелниот тим.

Холандскиот стручњак е се поблиску до отказ и покрај пласманот во финалето на ФА Купот, но покрај него, несигурна иднина имаат огромен број на играчи од првиот тим.

Угледниот медиум „Телеграф“ открива дека во овој момент има само тројца недопирливи играчи во тимот на „црвените ѓаволи“, а за сите останати ќе се носи дополнителна одлука дали го заслужуваат дресот на Манчестер Јунајтед, но добар дел ќе завршат и на трансфер листата.

Според изворите на познатиот весник, Коби Маино, Расмус Хојлунд и Алехандро Гарначо со единствените кои имаат загарантиран статус во првиот тим за наредната натпреварувачка сезона, бидејќи на нив се гледа како на играчи врз кои треба да се гради новиот проект.

Околу сите останати фудбалери се надвиснати сомнежи и не се исклучува нивна продажба претстојново лето, особено ако пристигне понуда која ќе ги задоволи апетитите на Ретклиф и неговите соработници.

Според „Телеграф“, во оваа група на фудбалери спаѓа и Маркус Рашфорд, кој по брилијантните настсапи по Светското првенество, оваа сезона е очајно лош и има кампања за заборав.



Спонзорирани линкови

Маркетинг