По првиот поткаст на Стефан Лазаров со Бојан Јовановски, сега најавуваат и второ продолжение во кое како што велат, Боки 13 ќе изнесе нови докази и ќе одговори на нови прашања кои не успеа да ги одговори во првиот поткаст кој траеше нешто повеќе од 5 часа.
„И официјално падна договор за втор дел на историски најгледаниот поткаст во Македонија!
Во вториот дел @boki13official најавува уште побрутално интервју, нови докази и одговори на сите прашања кои не ги опфативме во првиот дел!
6-ти мај со почеток од 20:00 часот … Се гледаме! #сеоградувам“, пишува Лазаров во описот на фотографијата која ја сподели на својот Инстаграм профил, со што го најави продолжението на интервјуто со Боки 13.
Лазаров соопшти дека поткастот со Боки 13 е историски најгледаниот поткаст во Македонија.
Во коментарите се надоврзаа голем број следбеници на Лазаров и неговиот поткаст, а нивните мислења се поделени.
Дел од корисниците на Инстаграм ги бодрат Стефан и Боки 13 за одлуката да направат вакво интервју, додека пак дел од нив сметаат дека ова е можеби договорена работа, имајќи предвид дека двата поткасти се закажуваат на неколку дена пред изборите.
Првиот поткаст беше објавен непосредно пред првиот круг на претседателските избори, додека вториот е закажан за два дена пред вториот круг од претседателските и првиот круг од парламентарните избори.