[ВИДЕО] Огромна експлозија во воена база во Камбоџа, загинаа 20 војници

Макфакс

29/04/2024

08:15

960

Големина на фонт

а а а

Во голема експлозија во воена база во југозападна Камбоџа загинаа 20 војници, а неколку беа ранети. Како што пишува „Скај Њуз“, од експлозијата се оштетени покривите на околните куќи. Воената база во која се случи експлозијата се наоѓа во провинцијата Кампонг Спеу.

„Оштетени се 25 куќи во близина. Оштетени се четири згради во воената база, како и неколку воени возила“, изјави полковникот Јунг Сохон.

Откако се слушнала експлозијата, војската веднаш го затворила патот до базата, додека селаните во паника барале безбедно место, пренесува „Скај Њуз“.

Продолжен топлотен бран се случува во Камбоџа. Во провинцијата каде што се случи експлозијата, вчера највисоката температура беше 39 целзиусови степени.

Иако високите температури обично не ја активираат муницијата, тие можат да ја нарушат стабилноста на експлозивот. Ризикот е дека мала експлозија може да започне верижна реакција и да доведе до пожар.

Премиерот на Камбоџа, Хун Манет изјави дека е „длабоко шокиран“ откако ја добил веста за експлозијата во областа Чбар Мон во провинцијата.

Тој изрази сочувство до семејствата на војниците и вети дека државата ќе ги плати нивните погреби и ќе им даде отштета на семејствата на загинатите и ранетите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг