Чави не исклучи заминување на големото летно засилување: Ќе одлучам на крајот од сезоната

Дерби

28/04/2024

15:42

1.881

Големина на фонт

а а а

Витор Роке пристигна од Бразил како големо зимско засилување за Чави Ернандес и требаше да претставува голема опасност кон противничките одбрани, но реалноста вели дека младиот напаѓач има потешкотии со адаптацијата во новата средина.

Роке добиваше шанси во воведните неколку кола по пристигнувањето, но во последно време е ретко опција во замислите на Чави, а тоа не е баш добра препорака за него за следната сезона.

Чави се премисли и одлучи да остане барем уште една сезона во Барселона, а денеска пред утрешното дерби со Валенсија призна дека не е сигурен за иднината на популарниот „Тигрињо“.


Тренерот на Барса не исклучи опција Роке да биде испратен на позајмица, што според многумина би било и вистински потег за негов вистински развој во Европа.

– Се уште не сме донеле конечна одлука за него. Има уште шест натпревари до крајот и ќе одлучуваме на крајот од сезоната. Не е лесно да се пристигне од Бразил и веднаш да се наметнете. Ќе одлучам за него на крајот од сезоната, тоа ќе го направиме заедно со Деко и претседателот Лапорта, – изјави Чави.



Спонзорирани линкови

Маркетинг