Олимпијакос ја освои „Палау Блауграна“, Фенербахче преку драма до „брејк“ против Монако

Дерби

25/04/2024

10:17

3.260

Големина на фонт

а а а

Барселона и Монако ја загубија домашната предност во четвртфиналните пресметки против Олимпијакос, односно Фенербахче во Евролигата.

Шпанскиот тим загуби во „Палау Блауграна“ со 77:75 и се стави во незавидна позиција кога е во прашање оваа серија. Гостите од Пиреја го добија првиот период со минимални 19:18, а во вториот се изборија за уште поголема предност и со 9 разлика заминаат на пауза по што потоа имаа контрола на играта, резултатит, ги одбија сите напади на домаќините и заслужено дојдоа до 1-0 во оваа пресметка.

Вилијам Гос со 15 и Кенан со 14 поени беа најефикасни, Паркер и Ернангомес искомбинираа 26 кошеви кај поразените.

Фенербахче пак дојде до брејк против Монако во драмата која понуди и дополнителни минути кои му припаднаа на турскиот тим со 14-10 за конечни на крајот 95:91.

Петмина играчи на Фенер беа двоцифрени, Окобо со 19 ја предводеше листата кај францускиот претставник.



Спонзорирани линкови

Маркетинг