[ВИДЕО] Османи: Европскиот фронт станува една голема локомотива за европската иднина на нашата држава

Макфакс

24/04/2024

23:55

1.173

Големина на фонт

а а а

Претседателскиот кандидат на Европскиот фронт, Бујар Османи по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата кажа дека прелиминарните резултати покажуваат длабока победа на Фронтот, наспроти албанската опозиција со над 40 илјади гласа и со победа во речиси сите општини во земјата.

„Дозволете да објавам во име на Фронтот една длабока победа наспроти албанската опозиција со над 40 илјади гласа и со победа во речиси сите општини во земјата и победа во сите поголеми градови и општини. Ова е заедничка победа што покажува дека фронтот за Европа станува една голема локомотива за европската иднина за нашата држава. Денешниот глас е аманет за нас и ќе биде одлука за идните политики на оваа држава. Денеска Албанците, Турците, Бошњаците, Ромите докажаа дека сами одлучуваат за својата судбина и никогаш нема да дозволат некој да одлучува за нив. Волјата на народот е јасна и треба да се почитува од сите“, кажа Османи.

Тој додаде дека се уште има впечаток дека граѓаните не излегле целосно од етничката бариера помеѓу Македонците и другите етнички заедници што зборува за едно поделено општество.



Спонзорирани линкови

Маркетинг