[ФОТО] Припадниците на ХГСС од Риека два дена го спасувале кучето Томи: Го пронашле на дното на стрмна провалија

Точка

23/04/2024

20:52

4.119

Големина на фонт

а а а

Припадниците на ХГСС во Риека два дена спасувале несреќно куче кое се изгубило во близина на Брсеч.

„Повик за помош добивме во неделата на 21 април околу 12 часот. Дознавме дека станува збор за шкотски овчар кој, при прошетка со сопственикот се изгубил на крајно непристапен и тежок терен во подрачјето Сисол, по што повеќе не можел да се врати, а сопственикот до него не можел да пристапи“, напишале тие.

Akcija Sisol – 21-22.04.2024.


Poziv u pomoć zaprimamo u nedjelju 21.4. oko 12:00 sati. Saznajemo da se radi o škotskom...

Posted by HGSS Stanica Rijeka on Tuesday 23 April 2024

„Првиот ден, на терен излегоа 6 припадници на ХГСС станицата во Риека, кои неуспешно се обидуваа да го лоцираат кучето од два различни пристапни правци. Интервенцијата од првиот ден е прекината со спуштање на мракот. Вториот ден од интервенцијата на терен излегоа 7 члена и по успешното лоцирање на шкотскиот овчар вршат технички подготовки за пристап и подигање на кучето безбедно. Со оглед на тоа што кучето се наоѓало на дно на стрмна провалија, при оваа интервенција биле користени јажиња и системи за подигање. Интервенцијата беше успешно приведена до крај откако кучето Томи без ниту една повреда беше вратено на својот сопственик“, додале.

Дводневната акција завршила во понеделникот во 18 часот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг