Професионален кикбокс настан „WAKO PRO – AFN 9“ во организација на Кикбокс Маитаи федерација на Македонија

Точка

23/04/2024

16:28

3.922

Големина на фонт

а а а

На ден 26.04.2024 година (петок) во СЦ Јане Сандански во Скопје со почеток во 19:00 часот ќе се одржи гала кикбокс настанот “ВАКО ПРО АФН 9” во организација на Кикбокс Маитаи федерација на Македонија.

На овој прв од ваков вид професионален кикбокс меч главната борба на вечерта ќе биде за титулата професионален светски првак на WAKO PRO организација во дисциплината К1 RULES, во која актуелниот светски и европски ВАКО аматерски шампион и добитник на највисокото спортско признание во Република Македонија, спортист на годината 2023 Бобан Илиоски ќе се соочи со актуелениот светски шампион на WAKO PRO во дисциплината K1 RULES 88.6 кг од Турција – Берк Дузенли (Berk Düzenli).

Спектакуларен спортски кикбокс настан -мeч за ВАКО ПРО светска титула!!!

Македонскиот светски шампион Бобан Илиоски...

Posted by WAKO MACEDONIA on Sunday, April 21, 2024

Исто така, на еден од мечевите ќе настапи и нашиот трикратен светски и европски шампион Димитар Ѓорѓиев, кој во оваа прилика ќе настапи како предборба на главниот професионален WAKO PRO меч.

Покрај овие две борби, на истиот настан ќе има и уште шест други мечеви во машка и женска конкуренција, на кои настап ќе земат атрактивни борци од нашата земја и нивните противници од Србија, Словенија, Босна и Израел кои се актуелни шампиони од официјалните ВАКО (Светската асоцијација на кикбокс организации) првенства.

Настанот ќе се пренесува во живо на МТВ3 националниот канал.

Картите се пуштени во продажба онлајн на: https://www.kupikartizase.com/Events/arena_%20fight-%20nights и на билетарата на салата на 24, 25 и 26.04.2024.




Спонзорирани линкови

Маркетинг