Барела покажа класа и ги прекина навивачите на Интер кои навредуваа ѕвезда на Милан

Дерби

23/04/2024

13:47

1.078

Големина на фонт

а а а

Николо Барела влегува максимално во секој дуел кој го има на теренот, па така беше и вчера кога во два наврати си разменија незгодни удари со Тео Ернандес.

Интересно, двајцата фудбалери покажаа голем фер-плеј и си подадоа рака како ништо да не било, а Барела продолжил да воодушевува и при шампионската прослава на Интер.

Играчот за врска бил еден од оние кои ја воделе забавата со мегафонот во раце, но и човекот кој ги сопрел фановите на Интер да го навредуваат левиот бек на Милан.

Иако дел од навивачите почнале да пејат песна во која левиот бек се нарекува кучкин син, на видеото добро се гледа како Барела бара од нив да престанат, а потоа ги тера да го скандираат името на Дамфрис.

Интер вчера го победи Милан со 2:1 и математички го осигура Скудетото, кое е јубилејно 20-то за клубот од „Џузепе Меаца“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг