Петровиќ го обвини Леброн за драматичниот пораз на Лејкерс: Еден детаљ прави разлика од победник до губитник

Дерби

23/04/2024

13:44

3.885

Големина на фонт

а а а

Лос Анџелес Лејкерс имаше голема шанса да направи брејк и да ја израмни плејоф серијата против Денвер, но „езерџиите“ ги пропуштија сите добитни ситуации и на крајот беа жестоко казнети од Џамал Мареј.

Гостите испуштија предност од 20 поени, имаа шанса за победа и преку Леброн Џејмс на 15 секунди пред крајот, меѓутоа последниот збор сепак го имаше актуелниот бранител на титулата.

Џамал Мареј ја зема топката и презема одговорност, па со удар за два поени погоди за победа од 101:99 и големо разочарување кај гостинските кошаркари.

Леброн Џејмс по мечот се жалеше за судискиот критериум и не беше баш расположен за зборување, но затоа беше посочен како главен виновник за порзот на неговиот тим од страна на Ацо Петровиќ.

Прославениот хрватски стручњак се огласи на социјалните мрежи за последните секунди од дербито, нагласувајќи како еден детаљ во кошарката ги менува сите нешта на теренот.

– Како еден детаљ прави разлика од победник до губитник. Леброн практично можеше да го контролира поседот до самиот крај на мечот, но одбранбениот играч кој го чуваше испадна од игра, па Леброн веднаш биеше на отворена тројка и промаши. Така Денвер и Мареј добија шанса. Крај на мечот, – порача Петровиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг