Погребан првиот сириски космонаут: Починал како бегалец

Точка

23/04/2024

13:26

1.127

Големина на фонт

а а а

Поранешниот сириски пилот и прв космонаут од таа земја Мухамед Фарис е погребан вчера во Алепо, а на испраќањето присуствувале неколку стотици луѓе. Генералот на авијацијата починал во петокот во болница во Турција, каде живеел како бегалец од 2012-та година. Во моментот на смртта имал 72 години, јавува „Collect Space“.

Фарис во 1985-та година бил избран за програмата Интеркосмос на Советскиот Сојуз и на 22-ри јули 1987-ма година полетал во орбитата со леталото „Сојуз ТМ-3“ со космонаутите Александар Викторенко и Александар Александров.


Тој бил 12-тиот странец кој полетал во орбитата во советско летало и прв кој ја посетил Вселенската станица Мир.


Во орбитата минал вкупно 7 дена, 23 часа и четири минути. Бил 209-тата личност во вселената, како и втор арапски космонаут.


По враќањето на земјата продолжил со воената кариера и дошол до чинот генерал. По почетокот на војната во Сирија, тој побегнал во Турција и од таму праќал пораки за тоа дека надева дека сирискиот режим ќе биде заменет за да се врати дома.

Бил оженет и имал пет деца.




Спонзорирани линкови

Маркетинг