Во ферплеј натпревар Ван Хоол ја совлада НЛБ Банка

Точка

23/04/2024

10:27

3.529

Големина на фонт

а а а

Еве ги резултатите од вчерашните натпревари во Бизнис Лигата на Македонија.

Во ферплеј натпревар Ван Хоол ја совлада НЛБ Банка

НЛБ Банка 2-11(0-6) Ван Хоол

НЛБ Банка: Љубиша Шурлановиќ 28” 35”

Ван Хоол: Димче Андов 1” 3” 29” 40”, Филип Никодиновски 2”, Пеце Даилоски 7” 19” 21”, Гоце Андев 20”, стефан Станојковиќ 31” 32” 35”

Екипата на Ван Хоол со максимално сериозен пристап влезе во дуелот со НЛБ Банка. Ван Хоол во првите четири минути успеа да постигне четири гола и да го наметне својот препознатлив ритам. Екипата на НЛБ Банка по лошиот старт ја смени играта во делот на одбраната каде што заигра по агресивно затварајќи ги приодите кон сопствениот гол. Ван Хоол беше настојчив и дури во финишот ја искористи деконцентрацијата во одбраната на НЛБ Банка па со два гола стигна до водство од 6-0, резултат со кој се замина на полувремето.

Играта која беше наметната во првото полувреме од страна на Ван Хоол се преслика и во вториот период. Ван Хоол играше концентрирано со одлична реализација не давајќи и простор на НЛБ Банка резултатски да се приближи. НЛБ Банка со чести измени се обидуваше да се врати во натпреварот но Ван Хоол не дозволи изненадување па на крајот славеше со 2-11.

Окта со тимска игра до победа над Аптив

Аптив 4-7(2-4) Окта

Аптив: Иле Трајковски 19”, Кире Стаматовски 20” 31” 32”

Окта: Иван Димитриевски 8”, Александар Јовчевски 17” 18”, Наум Костовски 20”, Владислав Илиќ 30” 38”, Бојан Станковиќ 37”

Натпреварот помеѓу екипите на Аптив и Окта започна со отворена игра на двете страни. Во првата половина од првото полувреме и двете екипи играа мирно во делот на нападот со цврста одбрана преку која ги затвoраа приодите кон противничкиот гол. Екипата на Окта во 8” преку Димитриевски дојде до водство од 0-1. Овој резултат стоеше на семафорот се до самиот финиш на полувремето кога Јофчевски со два последователни гола 17” и 18” и донесе водство на Окта од 0-3. Пред самиот крај од првото полувреме екипата на Аптив преку Трајковски намали на 2-4.

Во второто полувреме кај екипата на Аптив проработе Стаматовски кој имаше своја вечер и беше расположен пред се во делот на нападот каде што со одлична реализација успеа да постигне три гола и да ја врати неизвесноста на овој натпревар. Екипата на Окта со тимска игра успеа да ги консолидира своите редови и повторно да дојде до водство од 4-6.

УНИКА со хируршки прецизен напад до победа над ЕЛЕМ

УНИКА 10-3(6-1) ЕЛЕМ

УНИКА : Шабан Чупи 1” 3”, Беким Љута 9” 13” 37”, Арбен Нухиу 18” 19”, Донард Бајрами 33” 35” 39”

ЕЛЕМ: Пеце Пецаковски 8” 36”, Николче Јовановски 28”

Екипите на УНИКА и ЕЛЕМ во одлична атмосвера го започнаа меѓусебниот дуел. На самиот старт од овој натпревар расположениот Чупи со два гола во низа и донесе предност на УНИКА од 2-0. Екипата на ЕЛЕМ успеа да го намали водството преку Pецаковски во 8”, но екипата на УНИКА имаше своја вечер и преку дуото Љута-Нухиу на самиот финиш успеа да постигне четири гола во низа и со високи 6-1 го заклучи полувремето.

Екипата на ЕЛЕМ второто полувреме го започна со голман играч се со цел да ја нулира предноста на екипата на УНИКА која ја стекна во првото полувреме. Екипата на УНИКА ја искористи ширината во нападот на ЕЛЕМ па преку контра напади од минута во минута го зголемуваше водството кое на крајот изнесуваше високи 10-3.

Тодоровски како голман-играч го водеше Атлантик Груп до победа над ЈСП

Атлантик Груп 6-1(2-0) ЈСП

Атлантик Груп: Благојче Стојановски 3”, Љупчо Павковиќ 10”, Мирослав Тодоровски 28”, Далибор Тасевски 32” 33”, Кристијан Филиповски 30”

ЈСП:Дарко Најдоски 32”

Со цврста и добро поставен аодбрана започна дуелот помеѓу Атлантик Груп и ЈСП. И на двете страни се играше на ивица на фаул. Екипите беа фокусирани да не остават слободен играч и да ги намалат шансите за лесен гол. Во ваквата игра екипата на Атлантик Груп која настапи со голман играч успеа во 3” преку Стојановски да постигне гол и да поведе со 1-0. Во средината на првото полувреме Павковиќ во 10” го зголеми водството на 2-0. Екипата на ЈСП беше настојчева да постигне гол, но Атлантик Груп го имаше на голот вечерва расположениот Мирослав Тодоровски кој со одлични одбрани не ог дозволи тоа, па така Атлалнтик замина на полувремето со резултат од 2-0.

Во второто полувреме Атлантик Груп од минута во минута го зголемуваше водството. ЈСП ваквата игра на Атлантик Груп се обиде да ја спречи со тоа што во своите редови внесе голан-играч. Но Атлантик Груп не дозволи изненадување, продолжи со одлична игра која му донесе победа од 6-1.




Спонзорирани линкови

Маркетинг