Онана како Еми Мартинез: Користев трикови за да ги испровоцирам играчите на Ковентри

Дерби

22/04/2024

15:01

1.448

Големина на фонт

а а а

Андре Онана одбрани еден удар во пенал рулетот со Ковентри и потоа гледаше како Шиф ја испраќа топката над голот, а откако Манчестер Јунајтед се пласираше во финалето на ФА Купот, голманот откри дека користел и трикови за да ги деконцентрира ривалите.

Јунајтед испушти предност од 3:0 и мораше да трепери за да закаже финална пресметка со Манчестер Сити, но камерунскиот голман привлече внимание бидејќи со своето однесување режирше идентична ситуација како онаа со Еми Мартинез пред неколку дена.

Онана доби јавна опомена од судијата во регуларниот дел, но иако доби жолт картон и во пенал рулетот, избегна исклучување поради тоа што картоните од регуларниот дел се бришат при ударите од 11 метри.

– Пред пеналите знаев дека мојот картон се брише и дека сум чист за рулетот. Добро ги познавам фудбалските правила и тоа знае да биде важно.

– Морав да правам и одредени провокации кон противнички фудбалери, користев и трикови за да го добиеме овој меч во пенал рулетот. Среќен сум што на крајот успеав во тоа, – откри Онана.



Спонзорирани линкови

Маркетинг