Дел Пјеро: Јувентус треба да донесе незгодна одлука

Дерби

22/04/2024

12:21

1.128

Големина на фонт

а а а

Алесандро Дел Пјеро во неколку наврати беше поврзуван со враќање во Јувентус, но засега останува на дистанца од својот сакан клуб и ги коментира случувањата во Торино како фудбалска легенда која сега повремено работи како спортски аналитичар.

Поради пристрасноста која ја има кон „старата дама“, популарниот „Пинтурикио“ одби да дава совети за тоа што треба да направи клубот со Масимилијано Алегри, но е сигурен дека ова лето ќе следи важна одлука која ќе ја одреди поблискат иднина на клубот.

Дел Пјеро одби да дава сугестии до директорите на Јувентус околу тренерската дилема која се појави пред извесно време, а која дополнително ја вжештуваат и медиумите кои пишуваат дека Тиаго Мота е се поблиску до преселба на „Алијанц стадионот“.

– Не сакам да бидам инволвиран во оваа дебата, но не можам да кажам дека не читам што се пишува за Алегри и Јувентус. Работите се прилично јасни, се зависи од тоа како ги гледате истите. Едни можат да велат дека Макс и Јувентус направија се што можеа заедно, а други обратно.

– Ова е навистина незгоден момент за Јувентус и мора да се носи и незгодна одлука. Оваа состојба веќе трае со години, се соочија со многу предизвици на теренот и надвор од него и мора да се поправат важни работи. Патот е долг, а особено е тешко бидејќи се работи за Јувентус и сите чекаат резултати. Јувентус неколку месеци беше навистина добар, но веќе не е баш така добро. Оние кои се внатре во клубот ќе мора да повлечат важни одлуки, јас сепак сум само човек од надворешноста во овој момент, – изјави Дел Пјеро.



Спонзорирани линкови

Маркетинг