Лука Дончиќ и неговите соиграчи од Далас имаа лошо отворање на плејоф серијата против Лос Анџелес Клиперс, бидејќи Маверикси се прикажаа во навистина непосакувано светло и отворија со пораз во пресметката која се најавуваше како тесна и неизвесна.
Клиперси едноставно ги разбија гостите од Тексас и го решија прашањето околу победникот уште во воведните две четвртини, а Далас особено беше лош во втората во која постигна само осум поени.
Расположените домаќини им ја уништија вечерта на големите ѕвезди Дончиќ и Ирвинг, но од катастрофалното издание на неговиот тим посебно нервозен остана Словенецот.
Дончиќ не ја криеше фрустрацијата на теренот и во еден момент беснееше на соиграчот Макси Клебер, кој во дадената ситуација беше лошо поставен во рекетот и не успеа да прифати една лесна топка.
Тимската игра е она што прави главна разлика во НБА лигата и доказ за тоа беше првиот меч во „Крипто арената“, бидејќи на Далас не му беа доволни извонредните индивидуални изданија на Дончиќ и Ирвинг за посакуван триумф.
Дончиќ постигна 33, Ирвинг имаше 31 поен, но Далас на крајот загуби со 107:97 и ќе мора да се поправи во пресметките кои претстојат.
Luka Doncic was not hiding his frustration with Maxi Kleber 😳pic.twitter.com/l3UNJeM10P
— BasketNews (@BasketNews_com) April 22, 2024
Останати плејоф резултати:
Бостон – Мајами 114:94
Милвоки – Индијана 109:94
Оклахома – Њу Орлеанс 94:92