„5 работи кои можат да спречат појава на деменција“: Доктор тврди дека овие работи треба да почнете да ги правите почесто за мозокот да ви биде што поздрав

Точка

20/04/2024

19:07

12.154

Големина на фонт

а а а

За мозокот да ви биде здрав, експерт тврди дека треба редовно да ги практикувате следните пет работи.

Професорката Клер Стивс која говорела на поткастот „ZOE Science and Nutrition“ е доктор консултант за геријатриска медицина и виш професор. Таа исто така помага во водењето на Одделението за истражување на близнаци и генетска епидемиологија.

Во текот на разговорот говорела за тоа колку е важна грижата на забите, каква улога имаат нашите гени, како нашата исхрана и вежбање можат да влијаат на нашите шанси да добиеме деменција и колку треба да внимаваме на тоа.

Кога старееме, нашиот мозок се менува и можеби нема да биде толку бистар како некогаш – но тоа е нормално. Деменцијата, не е нормална состојба.


Значи, што предизвикува деменција?

Според професор Стивс, тоа се случува затоа што има премногу одреден протеин во нашите мозочни клетки или меѓу нив, поради што клетките умираат. Поточните причини поради кои се појавува деменција се сѐ  уште мистерија, но знаеме дека нашите гени и нашето опкружување имаат важна улога.

Како можеме да го намалиме ризикот од деменција?

1. Диета

„Станува збор за тоа во вашата исхрана да внесете што повеќе овошје и зеленчук со различни бои и да бидете сигурни дека добивате добри, растителни масти“, објаснува професор Стивс.

Овие масти може да се најдат во храната како што се ореви, семки и маслиново масло.

„Поради тоа што мозокот е исклучително активен, потребни му се многу хранливи материи. Занеме дека има широк избор на растителни хранливи материи, а тие се важни за здравјето на мозокот“, додала таа.

2. Физичка активност

Да бидете активни е многу важно. „Излезете и прошетајте 45 минути, најмалку три пати неделно. Тоа навистина ќе направи голема разлика“, советува таа.


3. Грижете се за вашите заби

Дали знаете дека околу 35 отсто од постарите луѓе имаат болести на забите? Постои врска помеѓу здравјето на вашата уста и здравјето на мозокот, предупредува професор Стивс.

4. Бидете социјализирани

За да ја зголемите моќта на мозокот потребна ви е разновидност, вели професорот Стивс. Една од најдобрите работи кои ги правиме со својот мозок е интеракцијата со другите луѓе, многу е потешко од решавањето загатки.

5. Чувајте го нивото на шеќер во крвта под контрола

Конечно, колку и да се храните добро и да вежбате, одржувањето на доброто ниво на шеќер во крвта е клучно. Професор Стивс објаснува дека постои врска меѓу здравјето на вашите крвни садови и здравјето на мозокот.

„Диетата која е добра за вашето срце и крвни садови исто така е добра и за вашиот мозок“, додала таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг