[АУДИО] Најголемата светска ѕвезда жестоко ја осудила Ким Кардашијан: „Не можам да ти простам, се чувствував ужасно поради тебе, е*и се“

Точка

20/04/2024

12:03

3.945

Големина на фонт

а а а

Американската пејачка Тејлор Свифт (34) го објави својот единаесетти студиски албум „The Tortured Poets Department“.

На среќа на нејзините обожаватели, музичката ѕвезда им подари двоен албум со 31 песна. Првично, таа го објави албумот со 16 песни, а два часа подоцна ги објави и останатите 15 песни.

Но, по неговото објавување многумина ги интересираше дали Тејлор и овојпат ќе спомене некој од нејзините поранешни љубовници, пријатели или колешки.


Песната „thanK you aIMee“ најмногу го привлече вниманието на нејзините обожаватели, за која веруваат дека е наменета за Ким Кардашијан. Всушност, самиот наслов на песната тие велат дека го крие името Ким, истакнато со големи букви во насловот.

Во песната Тејлор пее за расправија што ја имала со девојка по име Аиме во нејзините помлади денови. Девојката ја опишува како насилник што луѓето на крајот го слават и поддржуваат.

„Сето тоа време кога ми удираше тупаници, јас градев нешто“, пее Тејлор.

@mariesophie der moment als ich es realisiert habe 😂😂🫣 #thankyouaimee #ttpdtaylorswift ♬ Originalton - MARIE-SOPHIE

Многумина ова ги потсети на ситуацијата во 2016 година кога Ким Кардашијан и Канје Вест за малку ќе ја уништија репутацијата на Тејлор Свифт. Имено, таа година Канје објави песна наречена „Famous“, во која многу директно ја нападна Тејлор Свифт, а неговата тогашна сопруга Ким тврдеше дека пејачката се согласила на тоа и објави, како што подоцна се покажа, целосно извртена верзија на телефонскиот разговор меѓу Канје и Тејлор.


Светот тогаш целосно ѝ го сврте грбот на Свифт, американските медиуми ја нарекоа лажга, а милиони фанови на кланот Кардашијан ја нападнаа на социјалните мрежи. Во тој период Свифт се повлече од јавноста.

Друг стих на фановите им навести дека содржи порака до Ким Кардашијан. „И еден ден, твоето дете доаѓа дома пеејќи песна за која само ние две ќе знаеме дека е за тебе“, пее Тејлор зборувајќи за ситуацијата каде детето на Аиме ја пее нејзината песна. Многумина го поврзаа ова со видеото во кое Норт Вест, ќерката на Ким и Канје, пее една од песните на Тејлор.

Обожавателите, исто така, се осврнаа на уште една песна наречена „Cassandra“, која неколку пати спомнува „змии“; емоџито змија одиграло главна улога во расправијата меѓу Тејлор и Ким, како и поранешниот сопруг Канје Вест, поради што многумина веруваат дека песната е една суптилна провокација.