Луѓето се согласуваат дека овој класик е најтрогателниот филм што некогаш го гледале

Точка

20/04/2024

09:40

5.736

Големина на фонт

а а а

Моќниот филм со бројни познати актери, многумина го сметаат за еден од најтрогателните што некогаш ги гледале. „The Boy in the Striped Pajamas“ (Момчето во пижами на риги) излезе во 2008 година, а неговата популарност не стивнува до ден-денес.

Филмот се темели на истоимената книга од Џон Бојн од 2006 година, и ја раскажува приказната за момче по име Бруно (Аса Батерфилд) кое се спријателува со момче на негова возраст во концентрационен логор. Не знаејќи што всушност е логор, Бруно верува дека униформите што ги носат луѓето таму се всушност пижами.

Дејвид Тјулис го игра таткото на Бруно, Ралф, офицер на СС кој го преселува семејството да живее во близина на логор во рурална окупирана Полска, откако тој ќе биде унапреден. Како што Бруно и момчето Шмул се зближуваат, тоа предизвикува серија трагични настани со трајни последици.

Иако филмот излезе пред 16 години, тој и денес е исто толку потресен.


„Филмот е чудо“, „Одличен, но многу тажен“, „Многу тешка приказна“, „Ја прочитав книгата и го гледав филмот. Впечатоци: страшно и многу тажно, но дефинитивно би го препорачала на сите“, „Го гледав тој филм само еднаш и никогаш повеќе затоа што ме скрши“, „Одличен филм кој нè потсетува колку зло има во бесмислените војни“, се коментарите на гледачите во Фејсбук група која ги обединува корисниците на „Netflix“, стриминг платформата на која е достапен филмот.