„Плаши се, кловну“! Шок тврдење на Медведев: Западот сака да го ликвидира Зеленски

Точка

19/04/2024

23:09

4.477

Големина на фонт

а а а

Полските службеници соопштиле дека вчера бил уапсен маж кој е осомничен за обид да проследи чувствителни информации до руските разузнавачки служби. Полска и Украина тврдат дека тие информации би можеле да се искористат во обидот за убиство на Зеленски.

„Неуспешен атентат на главниот бандераш (Зеленски) во Полска? Тоа е навистина сериозно. Тоа би можело да биде прв доказ дека луѓето на Западот одлучиле да го ликвидираат. Плаши се кловну!“, напишал Медведев на социјалната мрежа Телеграм.

Тој го употребил изразот кој се однесува на украинското националистичко движење Степан Бандера, кој бил одговорен за етничко чистење на Полјаци во текот на Втората светска војна, а кој во модерна Украина се смета за национален херој.


Полските службеници соопштиле дека вчера бил уапсен маж кој е осомничен за обид да проследи чувствителни информации до руските разузнавачки служби. Полска и Украина тврдат дека тие информации би можеле да се искористат во обидот за убиство на Зеленски.

Државјанинот на Полска е идентификуван како Павел К. Тој би можел да биде осуден на осум години затвор доколку биде прогласен за виновен.


Зеленски во западните медиуми веќе неколку пати кажал дека „Русите со години се обидуваат да го убијат“ и дека се спречени неколку такви обиди.

Меѓутоа, поранешниот премиер на Израел Нафтали Бенет претходно изјавил дека претседателот на Русија, Владимир Путин, лично го убедил дека Русија нема намера да го ликвидира Зеленски.




Спонзорирани линкови

Маркетинг