Легенда на Борусија: Клубот мора да ги задржи Хумелс и Ројс

Дерби

19/04/2024

14:30

1.601

Големина на фонт

а а а

Борусија Дортмунд ги израдува своите фанови со пласманот во полуфиналето на Лигата на шампионите, а главна амбиција во домашното првенство е да се потврди пласманот во елитното натпреварување и за следната сезона.

Бундеслигашот мора да решава и одредени индивидуални прашања, вклучувајќи го и статусот на искусните Матс Хумелс и Марко Ројс, чии договори истекуваат ова лето.

Клупската легенда, Штефан Фројнд, смета дека Борусија мора да ги задржи и двајцата.

– Во однос на Хумелс не гледам причина воопшто да се размислува за друг потег. На дуелите со Атлетико тој покажа дека може да игра на високо ниво на важни натпревари.

– За ситуацијата со Ројс ќе влијае и одлуката на фудбалерот, односно желбата да замине во друга средина. Јасно е дека тој веќе не е во прв план, но од друга страна тој има голем придонес за успесите на клубот изминатите години, – рекол Фројнд, кој сугерира дека Борусија уште отсега треба да му понуди одредена клупска функција на Ројс, за да го задржи на подолг рок во клубот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг