Галас: Салиба би бил стартер за секоја друга репрезентација, но не и за Франција

Дерби

19/04/2024

12:53

1.337

Големина на фонт

а а а

Вилијам Галас останува актуелен во медиумите со своите изјави на различни теми, а сега се осврнал и на изјавата на францускиот селектор Дидие Дешамп за Вилијам Салиба.

Дефанзивецот има одлична сезона во дресот на Арсенал, но Дешамп истакна дека не е премногу задоволен од неговите настапи во националниот тим, што значи и дека нема да биде во прв план имајќи ја предвид сериозната конкуренција. Галас се сложува со Дешамп и смета дека Салиба не може да понуди континуитет во своите настапи.

– На Салиба ќе му биде тешко да биде стартер за Франција, бидејќи Дешамп ги има пред се Конате и Упамекано.

– Исто така важно е што Салиба на одредени натпревари игра фантастично, а на други не е на потребното ниво.

– Тоа е проблем за Дешамп, бидејќи тој сака да знае кои играчи ќе му бидат стартни стопери. Салиба би бил стартер за секоја друга репрезентација, но во Франција е поинаку. Посебно што и изминатиот период неговите „ривали“ играа добро, а Франција секогаш има силна конкуренција на дефанзивните позиции, – рекол Галас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг