Оваа храна ја уништува штитната жлезда, а кај нас често се наоѓа на трпезата: Диететичарка објаснува каде грешиме

Точка

19/04/2024

11:35

18.775

Големина на фонт

а а а

Храната која ја уништува штитната жлезда неретко се наоѓа во нашето мени за исхрана, а не сме ни свесни колку лошо влијае на нашето здравје.

Факт е дека сѐ почесто, особено младите луѓе се соочуваат со некои од заболувањата на штитната жлезда, а главната причина докторите ја наоѓаат во современиот начин на живот којшто е неверојатно стресен.

Меѓутоа, истакнуваат дека главната причина се наоѓа во начинот на којшто ја подготвуваме храната. Секако, постојат намирници кои веднаш мора да ги исфрлиме од исхраната затоа што тие не му носат ништо добро на нашето тело.


Како изгледа штитната жлезда?

Таа има облик на пеперутка и се наоѓа во предниот дел од вратот, под адамовото јаболко, во предниот дел на душникот. Кога големината е нормална, тогаш не е опиплива.

Штитната жлезда лачи неколку хормони и тоа се:

- Т4 (тироксин);
- Т3 (тријодтиронин);
- Калцитонин.

Влијаат на бројни процеси во организмот: метаболизам, раст, развој, работа на срцето, сексуална функција кај двата пола, одржување на бременоста, нивото на гликоза во крвта, телесна температура и метаболизам на калциум.

Нарушувањето во работата на штитната жлезда е сѐ почесто. Оваа важна жлезда која се наоѓа во коренот на вратот произведува хормони кои влијаат на бројни системи во телото, па со самото тоа и нарушената работа на жлездата влијае на различни проблеми.

Некои од болестите на штитната жлезда се:

- хипертироидизам;
- хипотироидизам;
- тироидитис;
- Хашимото.


Диететичарката Моли Хембри истакнува дека храната која ја јадеме може да има големо влијание на тироидната жлезда, а она што многумина не го знаат е дека еден вид храна е најлош за луѓето со овој здравствен проблем.

Намирниците, кои според зборовите на диететичарката треба да ги избегнуваме доколку имаме проблем со штитната жлезда се оние кои содржат гоитрогени.

„Гоитрогените се намирници кои содржат супстанција гоитрин која влијае на синтезата на тироидните хормони со недостаток на јод“, појаснува Хембри.

Таа наведува дека намирниците кои ја содржат оваа супстанција се брокула, карфиол, зелка, но ниту сојата ни просото не се препорачливи.

Добрата вест е што овие намирници не мора целосно да ги исфрлите од исхраната туку треба да ги консумирате умерено.