Милан доживеа и втор пораз во двомечот со Рома во четвртфиналето на Лига Европа, па мораше да му честита на италијанскиот ривал за пласманот во следната фаза.
Иако „росонерите“ се надеваа на поинаков епилог во реваншот, Рома набрзина дојде до предност од 2:0, а Милан намали во финишот иако долго играше со фудбалер повеќе на теренот.
По средбата, Стефано Пиоли, кого оваа елиминација може да го чини и пораз, џентлменски му честитал на противникот.
– Рома заслужено избори полуфинале, тие покажаа повеќе и одиграа поквалитетно од нас во овој двомеч.
– Ние имавме шанси и на двете средби, но не ги искористивме, не одигравме доволно квалитетно за да добиеме нешто повеќе.
– Очекував многу повеќе и сега сум разочаран, – истакнал Пиоли.