ДПМНЕ сака да нѐ врати назад во времето на Хунзите и „Скопје 2014“, велат од СДСМ

Макфакс

19/04/2024

10:46

654

Големина на фонт

а а а

Ништо не е променето во ДПМНЕ, оценуваат од владејачката СДСМ.

„На митинзите на ДПМНЕ и Силјановска е истата кореографија од времето кога се носеа Хунзи и кога им се правеше пречек на скопскиот аеродром, а граѓаните Македонци се претставуваа како нивни големи наследници.

Тоа е истото време на грабежот од Скопје 2014 и историскиот инженеринг на ДПМНЕ“, додаваат од СДСМ.

Според нив, ДПМНЕ е истата режимска партија.

Со ДПМНЕ, како што велат, е можно само враќање назад во изолација и режим, во темното минато на недемократските процеси и далеку од ЕУ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг