Дали навивачите на Сити му пресудија на својот тим? Моментот кој влијаеше во пенал серијата

Дерби

18/04/2024

15:54

2.927

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити останува без трофејот во Лигата на шампионите, натпреварување во кое доживеа елиминација во четвртфиналната фаза од Реал Мадрид и тоа по ударите од 11 метри.

Сити не го искористи домашниот терен, доминацијата која ја имаше, па кога се дојде до пенали шансите беа 50/50, односно Реал подобро се избори со притисокот и се избори за полуфинале во кое ќе излезе на мегдан со Баерн Минхен.

Елиминацијата на „граѓаните“ дефинитивно е предмет на анализа на англиската јавност, а во првичните коментари се дава важност на една ситуација од пенал серијата. Се работи за моментот по промашениот пенал на Модриќ по кој Хрватот го упати топката во публика.

Потоа долго време се чекаше топката да се врати по што следуваше катастрофалниот пенал на Силва. Според Лескот и Фердинанд големо влијание за вака изведениот пенал имало паузата што во случајот значи за тоа се виновни домашните навивачи.

- Тоа го исфрли од ритам. Рутина, техника. Помина долго време, почнувате да размислувате, изјави Џолеон Лескот.

- Срамота е, домашните навивачи беа тие кои го одложија тој пенал, што е штета“, изјави Фердинанд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг