Ова растение изобилува со витамин Ц, помага при висок крвен притисок, стрес, проблеми со дишењето

Точка

18/04/2024

17:33

17.312

Големина на фонт

а а а

Мириса прекрасно, а што е поважно – лековита е, оваа билка во народот се користи за намалување на крвниот притисок и смирување, но исто така и против настинки и грипови.

Липата цвета од крајот на месец мај до почеток на јули, подолго од било кое друго дрво, што е исклучително корисно со оглед на тоа што цветот од липа е лековит. Цветовите се берат веднаш штом се отворат, пред да прецветаат и да ја променат својата боја, а потоа се сушат.


Цветот од липа изобилува со витамин Ц, содржи слуз, танин, етерични масла, хетерозиди, шеќер, восок, манитол и тартарат, додека пак листот од липа е исклучително богат со калциум. Затоа паднатите лисја за кратко време се разложуваат и ја зголемуваат плодноста на земјата.

Традиционално, липата се употребува за ублажување на симптомите на настинка, грип и други инфективни заболувања кои ги зафаќаат дишните патишта.

Во народната медицина се користи и како пријатен напиток за олеснување на излачување на урината од организмот, како средство против високиот крвен притисок и за смирување.


Покрај тоа, етеричните масла од цветот на липата се неизоставни состојки во козметичките препарати.

Вредните пчели поленот од нејзините цветови го претвораат во квалитетен мед којшто е препознатлив по својот вкус и мирис.




Спонзорирани линкови

Маркетинг