[ФОТО] Сѐ што таа ќе стави на себе станува тренд, но се надеваме дека со ова тоа нема да биде случај: Детаљ на Хејли Бибер којшто ќе го погледнете двапати

Точка

18/04/2024

14:25

5.772

Големина на фонт

а а а

Популарната трендсетерка се појавила на фестивалот „Coachelli“ во необично модно издание.

Американската манекенка Хејли Бибер ниту годинава не го пропуштила фестивалот на којшто била видена во повеќе наврати изминатиот викенд.


Како и секојпат, сопругата на пејачот Џастин Бибер привлекува големо внимание, па нејзините фотографии веднаш ги преплавиле модните портали, а таа претставила неколку инспиративни комбинации.

Една од нив привлекла многу внимание, пред сѐ поради изборот на аксесоар на Хејли, поточно начинот на којшто го носела истиот.

Хејли пристигнала во комбинација на „Balenciaga“ карго панталони во црна боја, колеџ јакна и ретро патики, а комбинацијата ја заокружила со спортска капа над која носела врзана марама со анимал принт.


Носењето марама на глава е поврзано со стилот на нашите баби и онака како што тоа го носела покојната кралица Елизабета Втора, па дефинитивно не е нешто што очекувавме од една од најпопуларните модни инфлуенсерки на денешницата, но Хејли го достигнала тој статус затоа што секогаш знае да изненади со своите избори.

Ви се допаѓа ли оваа модна комбинација на Хејли Бибер?




Спонзорирани линкови

Маркетинг