Марфи очекува кам-бек на Ливерпул: Ќе видиме хаос…

Дерби

18/04/2024

12:51

1.098

Големина на фонт

а а а

Ливерпул доживеа тежок пораз од Аталанта од 3-0 во првата средба од четвртфиналната фаза во Лига Европа, но и покрај ваквиот резултатот во таборот на премиерлигашот постои оптимизам дека може да се направи камбек и да се сврти ситуацијата во нивна полза во Бергамо.

Сличен став има и јавноста во Англија, поточно еден од нив е некогашниот репрезентативец, Дени Марфи кој очекува хаос на вечерашниот натпревар.

- Мислам дека ќе видиме хаос. Мислам дека ќе го видиме Ливерпул како оди 100 милји на час од првата минута и ќе преземе огромен ризик да се обиде да го постигне првиот гол. Нема да ме изненади ако Ливерпул помине. Ако Ливерпул постигне прв гол неколку од играчите на Аталанта ќе бидат нервозни. Тие мора да го преземат тој ризик, - вели Марфи за „Токспорт“.

Средбата се игра од терминот 21 часот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг