Гвардиола го цитираше Кројф по болната елиминација од Реал: Среќата не постои во фудбалот!

Дерби

18/04/2024

10:56

725

Големина на фонт

а а а

Карло Анчелоти заклучи дека Реал Мадрид можел да го победи Манчестер Сити само со дефанзивна поставеност и со пожртвувана игра на секој дел од теренот, а таквата порака на искусниот италијански стручњак беше искоментирана и од Пеп Гвардиола.

Шпанскиот стручњак порача дека не можел да добие поголема пофалба од изјавата која ја дал неговиот поискусен колега, но додека правеше анализа на четвртфиналето кое беше решено во пенал рулетот, Гвардиола го цитираше и Јохан Кројф.

– Анчелоти изјавил дека Сити може да се победи само на ваков начин? Каква пофалба, не може да добиеме подобар комплименет. Честитики за Реал Мадрид, не треба да прашувате дали некој заслужил, или не заслужи да оди понатаму. Не успеавме да постигнеме уште еден гол и тоа беше клучно. Како тренер, секогаш се обидувам да креираме повеќе од противникот, но понекогаш и тоа не е доволно за победа. Немам што да им забележам на играчите. Реал е во полуфиналето и треба да им се честита.

– Тоа е што е, реално требаше да победиме според начинот на кој игравме, сите мои играчи беа на на највисоко нив. За да го победите Реал мора да бидете на највисоко ниво, но овојпат и тоа не беше доволно.

– Како што велеше големиот Јохан Кројф: Среќата не постои во фудбалот. Не постигнавме уште еден гол, тоа беше пресудно. Направивме се, само не постигнавме втор гол. Боли да се загуби на ваков начин, ќе ни биде тешко денес и утре, но во фудбалот не може да победувате секогаш. Ова е фудбал, ќе победевме во секој друг спорт со вакво издание. Затоа фудбалот е посебен и уникатен, а воедно и непредвидлив. Реал беше способен да се брани и беше истраен, беа многу добро организирани и мора да им се честита, – изјави Гвардиола.



Спонзорирани линкови

Маркетинг