„Имаше ерекција во текот на целото снимање“: Мажите лудувале по неа, еден сакал да си го одземе животот, а таа рекла дека сака жени

Точка

17/04/2024

20:11

19.447

Големина на фонт

а а а

Британската пејачка и модел Саманта Фокс својата успешна кариера ја започнала кога имала само 16 години, а на 15-ти април го прослави својот 58 роденден.

Во текот на 80-тите години од минатиот век била најфотографирана личност во Велика Британија, а поседи своите завидни пропорции, 98-59-84, ја сметале за секс симбол. Тоа и донело и снимање и едиторијали за Плејбој.

Иако била најпопуларен британски модел, таа одлучила да ја промени кариерата и пред да наполни 20 години станала поп ѕвезда, а нејзиниот деби сингл „Touch Me“ го заземал првото место во 17 земји. Имала и други успешни хитови, како „Naughty Girls“ и „I Wanna Have Some Fun“.


Успесите на работно поле почнале да се нижат – улоги во филмови, реално шоу, водителски ангажмани … Но, и покрај тоа, од друга страна доживувала животни падови. Нејзиниот татко Патрик, кој и бил менаџер до 1991-ва година, крадел од неа и ја оштетил за најмалку милион фунти. Саманта го тужела, но успеала да врати само 363.000 фунти. Пред неговата смрт во 2000-та, со својот татко не разговарала речиси 10 години.

„Имаше луди и хистерични моменти – луѓето со сила сакаа да ми се приближат, да ми ја допрат косата. Кршеа прозорци и ги ризикуваа сопствените животи, морав да бегам со хеликоптери од кровови на згради“, рекла своевремено Фокс.


Во документарниот филм „Page 3: The naked Truth“ зборувала и изнела обвиненија дека покојната ѕвезда Дејвид Кесиди сексуално ја злоставувал за време на снимањето на неговиот сингл „Romance“.

Се потсетила дека ја нападнал во тоалетот на еден ресторан по снимањето, а таа тогаш имала 19 години.


„Кога и да се доближеше до мене, јасно можев да ја почувствувам неговата ерекција. Ми се чинеше дека Дејвид намерно го отежнува снимањето, кое траеше цела вечност, токму поради тоа. Беше премногу мачно“, рекла таа своевремено.

По снимањето, Кесиди ги повикал Фокс и нејзиниот татко на вечера.


„Отидовме на вечера со мојот татко и луѓето од дискографска куќа. Во еден момент, во текот на вечерата отидов до тоалет, а тој одеше по мене. Кога влезе во тоалетот, ме турна на ѕидот и се обиде да ме бакне. Побегнав и се вратив на масата кај татко ми. Сепак, не му кажав ништо, бев преплашена“, се потсетила Фокс.


Иако мажите ширум светот воздивнувале по неа, таа им приредила „студен туш“. Јавно, имено, открила дека ја привлекуваат жени. Била во врска со својата менаџерка Мајра Стратон се до 2015-та, кога таа, за жал починала од рак.

После тоа, повторно пронашла љубов, и тоа во прегратката на Линда Олсен, за која во 2022-ра година се венчала по долгогодишна врска.




Спонзорирани линкови

Маркетинг