Црвена Звезда на катастрофален начин ја заврши сезоната во Евролигата, пораз од 45 разлика во соочувањето со Анадолу Ефес, пораз во кој се „исклучи“ една од главните ѕвезди на екипата, Милош Теодосиќ.
Искусниот плејмејкер имаше момент на лудило, свое шоу со судиите на средбата во Истанбул, па за таа негова акција сега стигна реакција од дисциплинците од Евролигата.
Milos Teodosic EJECTED ❌
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) April 11, 2024
Jones and Bolomboy OUT too #EuroLeaguepic.twitter.com/SgOHbM7JH5
Имено Србинот е суспендиран на два натпревари и е олеснет за 15.000 евра. Парични казни од овој натпревар има и за Тајрик Џоунс кој ќе мора да плати 5000 евра и за Џоел Боломбој кој е санкциониран со 2500 евра.
Партизан пак за пиротехничкото шоу на навивачите во дуелот со Валенсија ќе мора да извои 3000 евра.