Мбапе по големиот триумф на „Монжуик“: Сите знаат кој е мојот сон

Дерби

17/04/2024

11:28

622

Големина на фонт

а а а

ПСЖ загуби од Барселона на домашен терен во Париз и не тргна воопшто добро и на „Монжуик“, но откако тимот на Чави Ернандес остана со играч помалку на терернот, францускиот првак максимално ја искористи предноста и постигна четири гола во мрежата на Тер Штеген.

„Светците“ направија целосен пресврт и се пласираа во полуфиналето во Лигата на шампионите, а за најубав крај на гостувањето се погрижи Килијан Мбапе кој ги постигна двата последни гола за билет меѓу четирите најдобри.

Французинот ја игра последната сезона во ПСЖ и би било вистинска бајка да ја освои титулата во Лигата на шампионите, нешто што останува реална опција по големата победа над Барса.

– Мора да бидеме многу претпазливи и внимателни за да се најдеме во финалето. Мора да играме сплотено како тим. Работевме шест дена по поразот во Париз и верувавме во победа. Честитки до сите кои работат во ПСЖ. Горд сум што сум парижанец, дури и кога го загубивме првиот меч, бев горд што сум парижанец.

– Горд сум на клубот од првиот ден, имаше добри и лоши моменти и чест е да се претставува овој клуб од француската престолнина. Сите знаете кој е мојот сон. Сакам да ја освојам титулата во Лигата на шампионите со ПСЖ и ќе направиме се за да се најдеме во финалето. Ќе се обидеме да играме на „Вембли“, – изјави Мбапе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг