Ван Хоол со одлична реализација до победа над Окта

Точка

17/04/2024

10:28

4.309

Големина на фонт

а а а

Еве ги резултатите од вчерашните натпревари во Бизнис Лигата на Македонија.

Ван Хоол со одлична реализација до победа над Окта

Ван Хоол 10-3(4-2) Окта

Ван Хоол : Пеце Даилоски 5” 27”, Валентино Трајковски 6” 7” 30” 38”, Димче Андов 11” 33” 39”, Ведат Арслан 40”

Окта : Бојан Станковиќ 8”, Иван Димитриевски 15”, Владислав Илиќ 24”

Натпреварот помеѓу екипите на Ван хоол и Окта го отвоти Ван хоол во 5” преку Даиловски кој му донесе водство на својот тим од 1-0. Екипата на Окта не беше добро распоредена во делот на одбраната па му дозволи на Трајковски со два последувателни гола во 6” и 7” да стиогне до предност од 3-0. Екипата на Окта во втората половина од првото полувреме целосно успеа да ги консолидира својте редови па преку дуото Станковиќ-Димитриевски успеа да намали на 4-2, резултат со кој си замина на полувремето.

Во второто полувреме екипата на Ван Хоол целосно ја превзеде конторлата врз натпреварот и со одлична игра, пред се во дуелот на нападот, од минута во минута го зголемуваше водството. Екипата на Окта со чести измени се обидуваше да се врати во натпреварот но Ван Хоол не дозволи изненадување па го доби овој натпревар со 9-3.

НЛБ Банка со срце на терен избори реми во дуелот со ЕЛЕМ

ЕЛЕМ 4-4(2-3) НЛБ Банка

ЕЛЕМ: Тихо Груевски 18” 20”, Илир Елмазовски 23” 24”

НЛБ Банка: Александар Величков 6” 10” 14”, Фарук Биљали 30”

Крајно неизвесен дерби натпревар одиграа екипите на ЕЛЕМ и НЛБ Банка. Екипата на НЛБ Банка во првото полувреме во своите редови го имаше Величков кој имаше своја вечер и со хет-трик му донесе предност на својот тим од 0-3. Во самиот финиш од првото полувреме кај ЕЛЕМ се разигра Груевски кој со два последувателни гола 18” и 20” успеа да намали на 2-3, резултат со кој се отиде на полувремето.

Во второто полувреме и двете екипи играа егал натпревар. Се играше цврсто во одбраната и на двете страни. Екипите успешно ги затвораа приодите кон противничкиот гол, па во ваквата игра тешко се доаѓаше до отворена шанса за гол. Кај екипата на ЕЛЕМ Елмазовски 23” и 24” успеа со два последувателни гола да направи пресврт и да донесе предност на својата екипа од 4-3. Екипата на НЛБ Банка играше максимално мотивирано, оставајќи го срцето на терен успеа да постигне гол во 30” преку Биљали за израмнување 4-4. Втората половина од второто полувреме одбраната беше на високо ниво, мрежичките мируваа па со израмнет резултат од 4-4 екипите ги поделија бодовите.

Дуото Марковски-Стаматовски го водеа Аптив до победа над ЈСП

ЈСП 5-10(0-5) Аптив

ЈСП : Љупчо Павловиќ 30”, Филип Димовски 25”, Васко Мирчевски 27” 33” 37”

Аптив: Александар Маркоски 8” 11” 16” 30” 37”, Дамјан Хрдличка 32”, Марјан Тодоровски 40”, Кире Стаматовски 9” 12” 26”

Последниот натпревар од вечерашниот серијал натпревари го одиграа екипите на ЈСП и Аптив. Екипата на Аптив уште на самиот старт влезе мошне мотивирано со целосен фокус во овој натпревар. Екипата на ЈСП настапи во скратен состав па со ваквиот ростер не можеше да рачуна на помошта од клупата. Екипата на Аптив вешто успеа да го искористи ова па наметна висок ритам и со чести измени влезе во темпо кое екипата на ЈСП неможеше да го прати. Со ваква игра на полувремето Аптив замина со водство од 0-5.

Екипата на ЈСП во второто полувреме се обиде со голман играч да се врати во овој натпревар но Аптив имаше своја вечер, не дозволи да биде дефокусиран и продолжи со одличната игра. Во ваквата поставеност Аптив од минута во минута го зголемуваше водството кое на крајот изнесуваше високи 5-10. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг