[ФОТО/ВИДЕО] Апокалиптични сцени во Дубаи, градот потполно тоне под вода, на улиците општ хаос: Летовите откажани, патниците спијат на подот на аеродромот

Точка

17/04/2024

10:07

9.439

Големина на фонт

а а а

Поплавите и во текот на вчерашниот ден продолжија да бидат проблем во Дубаи. Очајните семејства се обидувале да побегнат од градот, меѓутоа, како што може да се забележи од снимките на социјалните мрежи од аеродромот во Дубаи, еден од најпрометните аеродроми на светот, покажале дека патниците спијат на подот додека чекаат летови.

Во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) паднал годишен просек на дожд. Патиштата околу аеродромот се поплавени.


Сведоците на аеродромот рекле дека не останале празни места во зоната за чекање. Најпрометниот аеродром во светот за меѓународни патници потврдил дека е запрено пристигнувањето околу 15:30 часот, пред да објави „постепено продолжување“ повеќе од 2 часа подоцна.

Вкупно 17 влезни и појдовни летови биле откажани во текот на утрото, а три пренасочени, наведено е со соопштението на аеродромот во Дубаи.

На снимките од Дубаи се гледаат поплавени скапоцени автомобили оставени на сред улица додека нивните сопственици се обидувале да се спасат.

На едно од видеата се гледа како авионот едвај се движи поради количеството вода на пистата. Од терасите летаат предмети како столици и маси.


Во трговските центри паѓале покриви, а сопствениците на продавниците собирале со крпи вода како би успеале да ја спасат робата.

„Не работат училиштата“

Како што претходно за „Блиц“ изјавил читателот Павле С., во Дубаи сè е во застој, а многумина се спречени да ги напуштат своите домови.

„Училиштата не се отворени. Сè е суспендирано. Нема ниту достава за ништо. Буквално сè е во застој и не можете да излезете од домa“, изјавил тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг