[ФОТО] Возач од Македонија имал мозочен удар во Унгарија, денеска е пренесен во Скопје со медицинскиот хеликоптер

Макфакс

16/04/2024

17:04

2.505

Големина на фонт

а а а

Денеска од страна на Одделот за воздухопловни единици беше реализиран успешен транспорт на македонски државјанин од Унгарија во Македонија за да му се овозможи навремена медицинска нега, извести МВР.

Имено, имајќи ја предвид потребата да биде брзо пренесен во својата земја поради влошена здравствена состојба за време на неговиот престој во Унгарија, по добиено барање од ЦУК, македонскиот државјанин е преземен со полицискиот хеликоптер „бел“ 412, во содејство со претставници од Министерството за здравство и медицински тим од Градската општа болница „8 Септември“ и донесен во Скопје за понатамошна подолготрајна здравствена нега, соопшти МВР.




Спонзорирани линкови

Маркетинг