Потребни ви се само 5 минути: Едноставен десерт во чаша кој ќе го обожуваат љубителите на јагоди

Точка

16/04/2024

17:31

6.798

Големина на фонт

а а а

Љубителите на јагоди веќе можат да уживаат во ова слатко овошје, а со овој многу едноставен рецепт јадењето јагоди може да биде посебно задоволство.

Се подготвува од шест лесно достапни состојки, а успешно ќе го направат дури и почетниците во кујна.

Состојките кои ќе ви бидат потребни за овој десерт се:

- 200 грама јагоди
- еден лимон
- 100 милилитри слатка павлака за шлаг
- 100 милилитри засладено кондензирано млеко
- 100 грама грчки јогурт
- две лажици шеќер во прав


Подготовка:

Најпрво измијте ги јагодите и отстранете ги нивните дршки. Потоа исушете ги јагодите и исечете 100 грама на половини. Останатите јагоди иситнете ги во блендер или со рачен миксер.

Додадете две лажици сок од лимон и две лажици шеќер во прав и дополнително изматете. Кога ќе добиете хомогена смеса, измешајте ја со исечканите јагоди.

Во друг сад изматете ја слатката павлака со миксер. За овој чекор не треба да ја матите слатката павлака во цврст шлаг. Потоа во изматената павлака додајте кондензирано млеко, грчки јогурт и сок од половина лимон.

Кратко матете за да добиете изедначена смеса. Смесата со јагоди и смесата од шлаг наизменично редете ги во чаши додека не ги потрошите сите состојки. Потоа убаво изладете го десертот во фрижидер пред послужување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг