Славниот татко поради сектата 16 години не сака да види ниту фотографија од својата ќерка: Пораснала во вистинска убавица, а нејзината мајка направила сè за да ја заштити од морничавиот култ

Кармин

16/04/2024

23:42

19.224

Големина на фонт

а а а

Том Круз и Кејти Холмс во 2012 година, по пет години брак ја објавиле веста дека се разведуваат, а тоа било едно од најголемите раскинувања во светот на славните.

Нивната ќерка Сури Круз, која денес полни 18 години, имала неполни 3 години, а Том го прекинал секој контакт со неа една година по разводот со Холмс.


Сури Круз пораснала во прекрасна девојка, а сите се согласни дека со текот на годините сè повеќе наликува на нејзината мајка. Познато е дека Том Круз не го добил старателството над својата ќерка, како и дека бракоразводната парница, со која Холмс го добила старателството, завршила за само 11 дена.

Иако Том Круз по судската одлука имал право да ја гледа својата ќерка 10 дена секој месец, добро информиран извор тврди дека тој ја одбил оваа можност бидејќи Сури не била скиентолог, а наводно ќерката ја нема видено цели 16 години. Единственото до што се придржува е тоа што ѝ плаќа школарина, односно 400.000 долари годишно и така ќе биде додека Сури не наполни 18 години.


Токму опседнатоста на Том со скиентологијата пресудила и на неговиот брак со Кејти, која пред речиси 15 години се иселила од нивниот заеднички дома во страв за себе и за нејзината ќерка. Наводно, Том редовно испраќал писма на својата ќерка, која нејзината мајка ги криела. Но, минатата година се појавила информацијата дека Сури ги пронашла писмата на нејзиниот татко во куќата на родителите на нејзината мајка во Охајо и дека, откако ги прочитала, сакала да го види, но нејзината мајка била против тоа.


„Тоа што ја одгледувала самохрана мајка во Њујорк ја направи Сури таква каква што е. Кејти секогаш ја ставаше Сури на прво место и Сури ја сака својата мајка повеќе од сè. Таа е паметна тинејџерка и расте во многу интелигентна возрасна личност. Има многу блиска група на пријатели и точно знае од каде доаѓа“, неодамна за „Daily Mail“ изјавил инсајдер близок до Кејти.


Исто така, се шпекулирало и дека Кејти Холмс најверојатно потпишала „некој вид договор за тајноста во кој вели дека нема да каже ништо лошо за скиентологијата“ како би можела да го задржи примарното старателство над Сури.

Сури ја обожува модата, наводно има гардеробер кој чини пет милиони долари. Таа е и љубител на музиката, отпеала песна која се појавува во филм во кој глуми нејзината мајка, која ја советува околу стилот на облекување.


„Многу ја сакам. Мојата најголема цел е да остане своја и да порасне во самоуверена, силна и способна личност и да биде свесна за тоа“, изјавила актерката за „In Style“.

Сури Круз често се наоѓа на листата на најбогати деца во светот, а нејзиниот фонд се проценува на околу 9 милиони долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk