Неуспесите на Баерн Минхен во домашните натпреварувања донесоа многу критики за тренерот Томас Тухел и предвреме објавен крај на соработката меѓу двете страни по завршувањето на сезоната.
Притисокот го направи своето и Баварците наскоро ќе го потврдат наследникот на Тухел, тренер кој според клупската легенда, Мемет Шол, не е најголем виновник за разочарувачката сезона во Бундеслигата и националниот куп.
– Немам некои интерни информации, но многу добро знам дека претходно тој работеше со врвни играчи и освојуваше важни трофеи.
– Имаше квалитетни состави и знаеше што му е потребно за да ги оствари амбициите. Во Баерн, уште на почетокот тој посочи дека составот е „тенок“ за предвидените амбиции, бараше засилувања, но не ги доби.
– Тухел беше најупорен за нова „шестка“, бидејќи Горецка и Кимих не се перфектни за таа позиција. Горецка е важен тимски играч, додека Кимих не може да го издржи товарот, а нивната соработка не беше доволна, – рекол Шол.
Поранешната ѕвезда на Баерн смета дека нешто недостасувало и во односот меѓу тренерот и играчите.
– Делува како фудбалерите да не беа слободни и комфорни на теренот. Во Баер Леверкузен се случува спротивното, сите изгледаат среќно, бараат топка, секој сака да даде придонес, – потенцирал Шол.