Будимир го извел бизарниот пенал со три скршени ребра

Дерби

16/04/2024

10:59

786

Големина на фонт

а а а

Хрватскиот репрезентативец Анте Будимир стана вирален хит на социјалните мрежи поради начинот на кој го изведе пеналот за синоќешниот дуел меѓу Осасуна и Валенсија, а поради што неговиот тим остана без посакуваниот бод од оваа средба.

Будимир доби шанса да израмни во 97. минута, но испрати удар кој не може да се нарече ниту „паненка“ и го почести противничкиот голман кој лесно ја собра топката и ја потврди победата на Валенсија.

Осасуна доцна синоќа објави дека ситуацијата со Хрватот била и посериозна од очекуваната и тој заработил три скршени ребра за време на натпреварот, што значи дека пеналот го изведувал во таква ситуација, а и без да знае за повредата која ја заработил претходно.

Напаѓачот бил пренесен во болница каде бил потврден проблемот со фрактурите, а Осасуна потврди дека Будимир ќе ја помине ноќта во болница, пред да добие дополнителни анализи во текот на денешниот ден.

Пеналот погледнете го ТУКА.



Спонзорирани линкови

Маркетинг