ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Макфакс

16/04/2024

10:44

338

Големина на фонт

а а а

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а жените се рамноправни и не се предмет на исмевање како на митинзите на СДСМ. Пендаровски е демократ само на хартија, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Пендаровски не се извини за говорот на омраза кон професорката Гордана Силјановска Давкова, со тоа поттикнува таквото однесување да продолжи, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.

„Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а жените се рамноправни и не се предмет на исмевање како на митинзите на СДСМ. Пендаровски е демократ само на хартија. Во реалноста е политичар кој за главна алатка го има говорот на омраза. Пендаровски со самиот факт што не сакаше да се извини кон професорката Силјановска дава сигнал кон своите активисти да продолжат да ја навредуваат и омаловажуваат на полова и старосна основа. Пендаровски со ова свое однесување само уште еднаш покажа зошто Македонија изминативе години со него и СДСМ стагнираше на секое поле од владеење на правото до економија. Време е народот да си ја врати државата. Време е Македонија повторно да биде горда“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг