[ФОТО] Турската актерка која сите ја паметат по улогата на Шехерезад драстично го промени изгледот

Точка

15/04/2024

21:54

12.523

Големина на фонт

а а а

Актерката Бергузар Корел многумина ја паметат по серијата „1001 ноќ“ од 2006 година, каде го толкуваше ликот на Шехерезад. Сепак, нејзиниот изглед во последно време по многу се разликува од оној изглед на кој се навикнати гледачите.

Бергузар со години беше бринета и често портретираше бринети во ТВ серии, а откако минатото лето ја бојадиса косата во руса нијанса за улога, сега и прилично кратко ја скратила.

Актерката носи пикси фризура која е многу популарна во последните години. Корел новата фризура најчесто ја носи исфенирана, а на Инстаграм покажа и како изгледа во опуштено, кадраво издание.


Да потсетиме, минатото лето Бергузар премина во „таборот“ на русокосите за серијата „Дугум“ која се емитуваше во февруари и март.

Оваа 40-годишна актерка потекнува од познато турско актерско семејство, а првата улога ја оствари во серијата „1001 ноќ“ која достигна светска слава. Токму по таа серија ја памети и публиката од регионот.

Таа глумеше во серијата „1001 ноќ“ заедно со актерот Халит Ергенч каде глумеа партнери. Недолго потоа, тие станаа пар во реалниот живот, по што се венчаа во 2009 година и сега имаат заедно три деца, синовите Али и Хан и ќерката Лејла.



Спонзорирани линкови

Маркетинг