„Samsung“ повторно на првото место според бројот на продадени мобилни телефони

Точка

15/04/2024

17:17

5.423

Големина на фонт

а а а

Кон крајот на 2023-та година „Apple“ се проби на првото место, но во првото тримесечје „Samsung“ се врати на позицијата водечки доставувач на паметни телефони.

Јужнокорејскиот технолошки џин „Samsung“ повторно во првото тримесечје го зазема првото место во светот во продажба на мобилни, надминувајќи го „Apple“, откриваат прелиминарните податоци на истражувачката компанија „IDC“.

Продажбата на мобилни телефони пораснала во периодот од јануари до март за 8,7 проценти во однос на истата временска рамка минатата година, со испорачани 289,4 милиони уреди, пренесува „dpa“. „Samsung“ продаде 60,1 милион, а „Apple“ 10 милиони мобилни помалку, што одговара на пазарен удел од 20,8 односно 17,3 проценти.

„Како и што се очекуваше, закрепнувањето продолжи, а меѓу водечките брендови полека се шири оптимизам“, рекол Рајан Реит, потпретседател на групата „IDC“ за светската мобилност и следење на потрошувачки уреди. „Кон крајот на 2023-та година „Apple“ се проби на прво место, но во првото тримесечје „Samsung“ се врати на позицијата водечки доставувач на паметни телефони“.


„Xiaomi“, „Transsion“ и „Oppo“ меѓу првите пет

На третото место е кинескиот „Xiaomi“, а на четврто и петто место се неговите домашни конкуренти „Transsion“ и „Oppo“. „Transsion“ работи во прв ред во Африка, а во првото тримесечје речиси ја дуплирал продажбата, според пресметките на „IDC“.

„Пазарот на паметни телефони излегува како посилен од периодот на турбуленции во последните две години, по значајните промени“, заклучила Набила Попал од „IDC“, директорка на истражувачкиот тим кој ја следи состојбата на светскиот пазар. „Xiaomi силно закрепна од големите падови во минатите две години, а „Transsion“ ја зацврсти позицијата меѓу петте водечки компании со агресивен раст на меѓународните пазари“.

„Samsung“ и „Apple“ продале помалку телефони во првото тримесечје, но изгледа дека „Samsung“, гледано во целост, е во посилна позиција отколку што бил во минатите тримесечја, пренесува „Hina“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг